Македонија
21. May 2019 - 16:21

Средба Заев-Ахмети за кадровски смени - двајцата лидери различно гледаат на најавената ,,метла‘‘

Ахмети не сака Заев да мете во неговиот двор. Метлата на премиерот ги извади на површина различните концепти на коалиционите партнери.
По реакциите од ДУИ дека за нив метлата како операција е неприфатлива, Заев денеска со помеки ставови.

Дека во ДУИ не се задоволни со најавената реконструкција потврди и вицепремиерот Османи кој во интервју за МТВ операцијата на премиерот ја нарече дегутантно политичко шоу кое наметнува несуштинска тема во јавноста.
Вчера и лидерот Ахмети без да ја коментира најавената метла уште еднаш предложи јавните функционери да поминуваат низ процес на ветинг кој подразбира проверка на потеклото на нивниот имот

На месец дена по најавата на премиерот дека ќе чисти на Илинденска, министрите велат дека се чувствуваат комотно. Оние од СДСМ се фалат со резултатите, додека нивните колеги од ДУИ велат дека нив може да ги смени само Ахмети.

Сител денеска праша, дали метлата ќе мете и во дворот на ДУИ.Премиерот најави дека покрај владината реконструкција, смени ќе има и во партиските органи а одговорност ќе се бара и локалната власт како и функционерите во третиот ешалон.