Средба со раководителот на Одделот за соработка во делегацијата на ЕУ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска (5.12.2018) имаше работна средба со претставници на Делегацијата на Европската Унија предводена од страна на г. Никола Бертолини, раководител на Одделот за соработка. Целта на овој работен состанок беше да се разгледа и дискутира досега сработеното во рамките на процесот на програмирање за националната ИПА програма за 2020 година.
Г-дин Бертолини информираше дека се утврдени областите кои ќе бидат финансирани во рамките на националната ИПА програма за 2020 година и тоа: подобрување на независноста, отчетноста, транспрентноста на правосудните органи, борба против организираниот криминал и тероризам, спречување на корупција, зајакнување на малцинските и човековите права и поддршка во промовирањето на правото за слобода на изразување, со акцент на областите каде што Министертвото за внатрешни работи ќе биде носител на проектите.
Министерот Спасовски потенцира дека овие проекти се во согласност со главните приоритети на Министерството за внатрешни работи како што се борбата против организираниот криминал и тероризмот, спречувањето на корупцијата и почитувањето на човековите права. Со имплементацијата на овие проекти се очекува дека капацитетите на Министерството за внатрешни работи дополнително ќе се зајакнат и истите ќе придонесат кон успешно справување со овие предизвици.
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух