Средба на заменик министерот Жерновски со американската амбасадорка Брнз
Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз, која претставуваше прва нејзина институционална средба во Република Македонија откако двете држави и официјално станаа сојузници во НАТО.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, од нејзина страна беа упатени искрени честитки до нашата држава за стекнувањето на статусот полноправен член на НАТО, кое иако доаѓа во тешки времиња, дава јасна перспектива и сигурна иднина за целата држава.
На средбата, главен акцент бил ставен на предизвиците во биткатата против Ковид-19, начинот на справување со коронавирусот, како и за мерките и активностите што двете држави ги преземаат на тој план.
– Во таа насока, Жерновски ја информираше амбасадорката Брнз дека Владата на својата вчерашна седница одлучи да побара од НАТО семејството да бидат активирани механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи и дека во таа насока веќе се подготвува листа на приоритети за кои е неопходна идна асистенција од овие механизми. Ваквиот чекор беше поздравен од страна на амбасадорката, која истакна дека сојузниците секогаш заеднички ќе одговорат на предизвиците, односно дека членството во НАТО овозможува токму поголема сигурност и стабилност, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница