Средба на Заев со претставници од ЗИП Институтот
Добредојдени се сите искуства за искористување на економските капацитети на Македонија, истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба со делгацијата на Институтот ЗИП, предводен од извршниот директор Агим Селмани.
- Како Влада сме отворени за сите иницијативи, истражувања и проекти кои ќе помогнат во искористување на економските капацитети и ќе овозможат отворање нови работни места во државата, истакна Заев.
Претходно, претставниците на ЗИП Институтот го информираа за нивните потенцијали и експертиза, особено во сферата на неформалното образование, првенствено кај младите луѓе, како и во реформите во јавната администрација и локалната самоуправа со цел подобрување на демократските процеси и придонес во креирањето политики.
Како што информира владината прес-служба, на средбата се разговарало и за важноста од поврзување на регионот и за отворање соработка меѓу земјите во клучни области како придонес за економски развој што е основа и за справување со заедничките безбедносни предизвици и европски перспективи.
Во придружба на Селмани беа и проект-координаторката на Институтот Јована Перовска, како и поранешниот дипломат и економист од Република Унгарија Калман Мижеи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови