Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
Средбата меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира откако премиерот Христијан Мицкоски ќе се врати од официјалната посета на САД, велат од Владата во изјава за МИА.
- Премиерот Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од официјалната посета на САД ќе ги прими претставниците на синдикатот и ќе се дискутира за изнаоѓање на решение кое ќе биде од полза на работниците и исполнување на нивните права, се вели во одговорот што МИА го побара од Владата.
Оттаму велат дека стремежот на Владата е да се изнајде решение кое ќе биде во насока на подигнување на стандардот на работниците во согласност со буџетските можности.
- Добро е што лидерите на УПОЗ прифаќаат дијалог наместо рестриктивни и избрзани мерки како протест без да бидат исцрпени можностите за дијалог и изнаоѓање на конечни решенија, велат од Владата.
Вработени во дел од министерствата, Државниот завод за статистика и Државниот архив веќе четири дена одржуваат получасовен предупредувачки протест барајќи додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори.
Денеска од протестот што се одржа пред Министерството за финансии, преставниците на Синдикатот на УПОЗ информираа дека доставиле барање за средба со Владата, а доколку не се постигне договор не се исклучуваат порадикални чекори.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува