Средба на вицепремиерот Адеми со амбасадорот Орав
Актуелните политички случувања во Македонија, особено од последните денови биле тема на денешната прва работна средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Аиво Орав.
Како што соопшти СЕП, за време на средбата била истакната важноста во наредниот период да се преземат чекори во насока на целосно исполнување на обврските од Политичкиот договор и обезбедување услови за спроведување демократски и кредибилни избори.
Соговорниците, се додава, посебен акцент ставија и на обврските кои произлегуваат од итните реформски приоритети, со цел да се задржи фокусот на овие активности кои се клучни за евроатлантската перспектива на земјата.
- На крајот, заменик претседателот на Владата на Република Македонија Адеми уште еднаш ја потенцираше трајната ориентација на земјата истакнувајќи ја потребата сите релевантни фактори во државата да дадат придонес преку дијалог за надминување на политичкиот предизвик со кој се соочуваме, се посочува во соопштението од СЕП.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден