Средба на претседателот Пендаровски со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Хелга Марија Шмид, генерална секретарка на ОБСЕ.
На средбата беше разговарано за севкупната соработка со организацијата, како и за подготовките за претседателството на Република Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека нашата држава високо ја цени долгогодишната соработка и дијалог со ОБСЕ и посочи на значајниот придонес на мисијата на ОБСЕ во Скопје во поддршката на реформските процеси, а во функција на севкупниот напредок на државата и исполнување на нејзините европски аспирации.
Претседателот Пендаровски на средбата рече дека за Република Македонија е важна екпертизата на ОБСЕ во однос на судските реформи, борбата против корупцијата, доброто владеење, како и изборните реформи во линија со препораките и европските стандарди.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за тековниот ангажман на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2021 година и изрази уверување дека наодите и заклучоците на мисијата ќе послужат за натамошно унапредување на изборниот процес.
На средбата претседателот Пендаровски и генералната секретарка Шмид разменија мислења во однос на подготовките за претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја истакна подготвеноста на Република Македонија да даде активен придонес во промоцијата на вредностите и заложбите на ОБСЕ и изрази очекување дека претседателството ќе придонесе за видлива промоција на нашата држава како активен чинител на мултилатерален план.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o