Средба на министерот Адеми со генералниот секретар на ЦЕИ, Роберто Антониони
Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска имаше работна средба со генералниот секретар на Централноевропската иницијатива, Роберто Антониони, на која разговараа за досегашната успешна соработка и за идните чекори што ги презема ЦЕИ.
-Беше истакнато дека Република Македонија е една од најактивните членки на ЦЕИ, што е уште една потврда за заложбите на Министерството за образование и наука за придонес кон развој на науката и рамноправно партиципирање во научноистражувачките проекти во регионот, соопшти МОН.
Централноевропската иницијатива е најстара Рамковна програма за промоција на истражувањата, технолошкиот трансфер и иновации во Централна и Источна Европа и претставува флексибилен начин на промоција на меѓувладина, интерпарламентарна и соработка во областа на бизнисот, која одговра на новите развојни тенденции.
Ново на Сител
-
Снежен бран ја очекува Македонија
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија