Преглед на вестите од светот
Пожарите кои четри дена го пустошат Лос Анџелес досега однесоа најмалку 11 човечки животи. Уништени се 10 илјади згради, а пожарите зафатија површина од над 14 илјади хектари. Силниот ветер кој придонесуваше за ширење на огнената стихија, од денеска дува со помала брзина. Поради ова, 50 отсто од пожарот е локализиран, информира калифорниската противпожарна служба. Во меѓувреме, за да се спречат кражби, воведен е полициски час од 18 часот попладне до шест наутро.
Делови од Јапонија се зафатени од силни снежни врнежи кои за неполни 24 часа донесоа снежна покривка од над 30 сантиметри. Најпогодени се централните и северните региони на државата. Во расчистување на снежните наноси вклучена е силна градежна механизација.. Сепак, дел од патната мрежа е се уште под снег.. Надлежните издадоа предупредување за возачите, повикуваат на исклучителна претпазливост. Препорачуваат и внимателно движење на пешаците заради лавините кои паѓаат од покривите.
Грција ги заострува правилата за изнајмување станови за туристи. Предложениот закон за кој веќе почна дебатата забранува како простор за изнајмување да се нудат подрумите, складишта или поранешни индустриски објекти кои немаат прозори. Таквиот закон е предиведно да биде донесен до крајот на месецов.. Според владата во Атина, на тој начин се прави баланс меѓу предностите од туризмот и достапноста на станбен простор. Предвидени се даночни олеснувања за сопствениците на недвижнини кои ќе се откажат од краткорочно изнајмување.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека армијата на земјата заробила двајца севернокорејски војници во областа Курск во Русија.
„Тоа се двајца војници кои, и покрај повредите, преживеаја. Тие беа пренесени во Киев и разговараат со истражителите на Службата за безбедност на Украина, напиша Зеленски на фејсбук. Објави и фотографии за кои тврди дека ги покажуваат заробените војници и нивните документи. Претходно, украинскиот лидер објави дека во борбите биле убиени или ранети повеќе од 3 илјади севернокорејски војници.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар