Средба на Мицкоски со Кристијан Даниелсон
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес (29 јануари 2019 година), заедно со потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, оствари средба со Директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, г. Кристијан Даниелсон, заедно со Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.
На средбата се говореше за актуелните политички случувања, стратешките приоритети на државата како и за реформските процеси клучни за остварување на стратешките цели на Република Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на своите соговорници им ги посочи слабите резултати на власта на полето на реформите кои се од суштинско значење за членството на Македонија во Европската Унија. Мицкоски напомена дека власта исклучително заостанува со реформите од областа на правосудството, справувањето со корупцијата како и заштитата на животната средина.
Тој посочи дека корупцијата и криминалот го разјадуваат општеството, а владата се става во улога на заштитник.
Мицкоски, истакна дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес и токму поради тоа на Македонија и е потребна Влада посветена на реформските процеси.
Соговорниците беа согласни дека Евроатланската интеграција на Македонија е клучна за стабилност и просперитет на Балканот, а поддршката на Европската Унија е клучна за остварување на стратешките цели на државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата