Средба Бектеши-Бернс: Поддршката на бизнисот е клучна за растот и развојот на економијата
Досегашната соработка помеѓу двете земји, но и можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорка на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Бернс.
Министерот Бектеши, информираат од неговиот Кабинет, и го честита именувањето на новата позиција и се заблагодари за поддршката која САД ја дава на Република Северна Македонија во процесот на станување на полноправна членка на НАТО и во делот на спроведување на реформите со цел за отварање на преговорите за членство во Европската Унија. Бектеши потенцираше дека е многу важна поддршката од САД во делот на владеењето на правото, антикорупцијата, реформите во безбедноста и јавната администрација, која што дава позитивна порака за домашните компании и за странските инвеститори.
Во рамките на состанокот министерот ги презентираше реализираните проекти и планираните активности на Министерството за економија во делот на енергетиката, трговијата, соработката со бизнис заедницата и поддршката на странските инвеститори, со посебен акцент на можностите кои што ги имаат домашните и странските компании согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој е основа за развој на економијата и има еднаков третман за сите инвеститори.
Министерот поотенцираше дека од главните цели на Министерството за економија е поддршката на малите и средни компании со цел зголемување на нивната конкурентност, како на домашниот така и на странските пазари, притоа истакнувајќи дека Владата интензивно работи на подобрување на трговските односи со земјите од регионот, а резултат од тоа е воведувањето на заедничко управување на царински и гранични контроли со Република Србија, со најава дека во наредниот период гранични контроли со едно застанување е предвидено да бидат отворени и на граничните премини со Република Албанија и Република Косово со цел олеснување на трговијата со соседнитеземји.
Во делот на енергетиката министерот се заблагодари на поддршката која што ја даде САД во изготвувањето на Законот за енергетика кој е од стратешка важност за обезбедување на енергетска стабилност на државата.
Двајцата соговорници се согласија дека клучен предизвик за македонската економија во моментов е реформата во образованието со што ќе се надмине јазот помеѓу понудата и побарувачката на работна сила на пазарот на труд, што, пак, ќе овозможи забрзување на растот на економијата.
Министерот истакна дека соработката помеѓу Република Северна Македонија и САД е на особено високо ниво, САД е стратешки партнер на нашата земја и така ќе остане и во иднина.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава