-->
-->
Србите попуштаат во „војната„ меѓу ФИБА и Евролигата
-->

Кошаркарскиот сојуз на Србија полека попушта во „војната„ меѓу Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) и Евролигата (ЕКА).
Генаралниот секретар на КСС, Дејан Томашевиќ изјави дека тие нема да ги тераат играчите да бираат меѓу репрезентацијата и клубот во кој играат.
„Разговарав со неколкумина играчи. Она што ние нема да го сториме е да ги доведеме во ситуација да бираат меѓу репрезентацијата и клубовите. Како поранешен играч апелирам на сите инволвирани да ја потиснат малку суетата и да влијаат позитивно. Постои простор овој проблем да се реши, тоа им е јасно на сите. Се надевам дека то и ќе се случи„, изјави Томашевиќ за медиумите во Србија.
Селекторот Ѓорѓевиќ веќе го објави поширокиот список на играчи за Мундијалските квалификаци, но на истиот ги нема најдобрите играчи на селекцијата која беше второпласирана на последното Европско првенство.
„За жал во овој момент постои објективно голем проблем, неприфаќањето на Евролигата да ги помести своите натпревари. Се надевам дека ќе се постигне компромис и дека кошаркарите ќе може да играат за својата репрезентација“, дополни Томашевиќ.
Новиот систем на квалификации за СП во Кина 2019 година, кој го наметна ФИБА сега не е само проблем за играчите во НБА лигата, туку и за оние кои настапуваат во клубовите кои се натпреваруваат под капата на ЕКА, односно Евролигата и Еврокупот.
Првиот „прозорец“ од квалификацискиот циклус е кон крајот на ноември, а вториот е закажан за февруари следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
