Србија ќе добие еден милион евра од ЕУ за борба против климатските промени
ЕУ преку претпристапните фондови ќе финансира еден милион евра за проект во Србија, насловен како „Стратегија за климатските промени со план за дејствување“ и ќе трае 18 месеци.
На конференција во Стопанската комора на Србија е истакнато дека целта на проектот е да се подготви стратегија за борба против климатските промени и план за дејствување на Министерството за земјоделство и заштита на животната средина.
Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Мајкл Девенпорт изјави дека приоритет на ЕУ е намалување на последиците од климатските промени, додавајќи дека Србија е важен партнер во тој однос. Тој нагласи дека ЕУ има обврска да ја намали емисијата на штетни гасови со ефект на стаклена градина за 20 отсто до 2020 година, а до 2050 година тоа намалување да достигне над 80 проценти.
Вкупната помош на ЕУ за Србија, која е наменета за животната средина од 2000 до 2016 година е околу 700 милиони евра, а планираната идна помош во таа област се оценува на 42,5 милиони евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден