Србија бара меѓународна конференција за ситуацијата со бегалците
Србија бара итно организирање на меѓународна конференција за ситуацијата со бегалците, изјави денеска српскиот министер за труд, работа, ветерани и социјална политика, Александар Вулин, пренесува ТАСС.
Србија треба да биде дел од решението на проблемот, ние бараме во брзо време да биде организирана меѓународна конференција за проблемот со миграцијата, нагласи српскиот министер.
Претходно претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, истакнатиот германски дипломат Волфганг Ишингер, ја повика Владата во Берлин да организира конференција за проблемот со бегалците од Блискиот Исток, на која би биле поканети и Русија и Иран, јави ТАСС.
- Ниту великодушниот прием на нови бегалци, ниту засилувањето на граничната контрола не се долгорочни решенија. Потребно е огранизиарање на голема конфренција за проблемот со бегалците од Блискиот Исток, на која ќе се договорат мерки за справување со причините за иселувањето на милиони лица, изјави Ишингер во интервју за германскиот магазин „Фокус“.
Според германскиот дилпомат, меѓунардоната заедница мора да изработи платформа за изградба на нова безбедносна архитектура на Блискиот Исотк, што, според него, би било невозможно без учество на Русија и Иран.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште