-->
-->
Спречена катастрофа во центарот на Скопје: Изгоре само сервис за плински уреди зад „Дрводекор“
-->
Во пожарот што избувна денеска околу девет часот зад „Дрводекор“ во центарот на Скопје, изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.
Ѕвонко Томевски, командант на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА за изјави дека во пожарот нема повредени лица.
- Пожарот е локализиран и во тек е расчистување на локацијата. Во пламен беше кровната конструкција, а противпожарните екипи интервенираа брзо. Дојавата за пожарот беше во 9 часот и 15 минути, а е изгаснат за десетина минути, изјави Томевски.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени осум противпожарни возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност
-
Герасимовски со отчет за тригодишниот мандат
-
Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат
-
Скопје домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први
-
Преглед на вестите од светот
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ