Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
На 29.05.2024 во 08.00 часот кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка потрошувачка од Косово кон Република Северна Македонија.
Имено, полициските службеници затекнале две товарни возила, по што возачите го напуштиле местото. При преглед на товарното возило „фолксваген“ со шведски национални ознаки била пронајдена поголема количина производи за широка потрошувачка, додека за товарното возило „мерцедес“ без регистарски ознаки било констатирано дека е празно.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, за настанот бил известен јавен обвинител, а производите биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Танушевци за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Зоран Крстевски, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Мицкоски: Пред 33 години битката беше да се исправиме на нозе, денес за големи чекори
-
Честитки од политичките партии по повод независноста
-
По три години од пожарот во тетовската модуларна болница, одговорност се уште нема
-
За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца
-
Минчев: Балансерот се уште на сила, ќе се разговара за укинување
-
Аерозагадувањето треба да се следи и во лето
-
ЈП „Исар“ – Штип во првите 6 месеци од годината со загуба од 4,8 милиони денари