Спречен обид за шверц на патики, цигари и рачен алат
За време на продолжениот викенд и во текот на вчерашниот ден царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока и тоа:
- 62 пара патики, 37 парчиња рачен алат штрафилици, 5 парчиња брусалки, 7 парчиња батерии со полнач, запленети на влез во државата на граничен премин Табановце. Непријавената стока е пронајдена во патничко моторно возило со странски регистарски таблички. На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот изјавил дека има само лични работи, но при преглед на возилото во багажниот простор, на задните седишта и под нив, во најлонски кеси и торби е пронајдена непријавената стока. Стоката е привремено задржана, а против лицето е поведена прекршочна постапка.
- 26 штеки цигари откриени од страна на мобилните царински тимови на влез во државата на граничен премин Богородица, во два одвоени случаи. Во првиот случај откриени се 12 штеки цигари во товарно моторно возило со македонски регистарски таблички. Непријавените цигари се пронајдени во кабината и во надворешниот дел на влекачот од товарното возило. Во вториот случај 14 штеки цигари се откриени исто така во товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, во кабината на влекачот и во странични шуплини од возилото.
Во двата случаи стоката е задржана, а против возачите е поведена прекршочна постапка.
- 11 штеки цигари откриени од страна на царинските службенци на граничен премин Богородица, во патничко моторно возило со македонски регистарски таблички пријавено за влез во државтат. Непријавените цигари биле пронајдени во просторот за багаж во задниот дел од возилото, во просторот околу резервната гума како и на задното седиште од возилото. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена соодветна постапка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови