Спречен обид за шверц на 115 парчиња опрема за скијање на ГП Табановце
На влез на граничниот премин Табановце минатата недела е спречен обид за нелегално внесување на разновидна опрема за скијање во вредност од околу 243 илјади денари, за која е избегнато плаќање на царински увозни давачки од 53 илјади денари, соопштија денеска од Царинската управа.
- Стоката е пронајдена при детален преглед на патничко возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, откако возачот изјавил дека нема ништо да пријави за царинска контрола. При извршената контрола, царинските службеници во багажникот на возилото пронајдоа 115 парчиња опрема за скијање, меѓу која: кациги, даски, скии, стапови, наочари, ранци и облека за скијање, појаснуваат од Царинската управа во соопштението.
Против лицето е поднесена пријава за царински прекршок по член 263 од Царинскиот Закон, а стоката е привремено одземена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени