Швјонтек: Ако повторно станам прв рекет на светот, ќе бидам многу подобро подготвена
Полската тенисерка Ига Швјонтек изјави дека научила многу откако станала светски рекет број еден на млада возраст.
Швјонтек се најде на врвот на светската ВТА ранг листа за прв пат во кариерата на 20-годишна возраст.
- Бев под голем притисок во последните сезони. Но, би рекла дека напредокот што го постигнав беше прилично брз и не очекував дека ќе станам светски број 1 минатата година. Морав да се справам со многу работи и пораснав многу брзо. Во одредени периоди, притисокот е тежок. Од друга страна, ова е дел од нашиот спорт и треба да научиме да се прилагодуваме на него и да се фокусираме на тенисот. Ако повторно станам прв рекет на светот, ќе бидам многу подобро подготвена, изјави тенисерката.
Моментално Швјонтек е рангирана на второто место на ВТА листата. Дваесет и двегодишната тенисерка е победничка на четири Грен слем турнири (Ролан Гарос 2020, 2022 и 2023 година и УС Опен 2022) и освојувачка на 15 ВТА турнири.
Ново на Сител
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем