Левандовски: Сакаме да одиме што подалеку во ЛШ, ја разбираме нејзината важност, подобро сме подготвени од минатата сезона
Роберт Левандовски зборуваше за важноста на Лигата на шампионите за Барселона.
- Последниот пат нашиот настап во Лигата на шампионите заврши прерано. Лигата на шампионите е многу поважна оваа година и целиот клуб посветува многу повеќе внимание на неа бидејќи сфаќаме колку е важна за нас. Ние сме и подобро подготвени. Лани се беше многу похаотично, сега има поголема стабилност. Се случија кадровски промени, но јадрото останува. Знаеме дека и Лигата на шампионите е прашање на среќа. Сакаме да се фокусираме на победа во нашата група и потоа да се подготвиме за нашите противници. Сакаме да играме фудбал кој не само што е ефикасен, туку и паметен. Имаме голем потенцијал. Ја освоивме Ла Лига и Суперкупот и очекувањата растат. Ќе направиме се што можеме за да завршиме први во Ла Лига и да одиме што подалеку во Лигата на шампионите, изјави полскиот фудбалер.
По две кола во Лигата на шампионите, Барселона има две победи и е лидер во Х-групата со шест бодови, пред Порто и Шахтјор со по три бода и Антверп без освоен бод.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза