Според бројот на новозаболени на дневна основа Србија е во „црна“ зона
Српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ изјави дека според бројот на новозаболени на дневна основа, како и процентот на заразени од бројот на тестирани, Србија во моментов е во „црна“ зона.
Тој потсети дека со денови, бројот на нови случаи на инфекција е околу 5.000, а процентот на заразени е околу 35 отсто.
– Ние сме во црната зона, ако земете процент на новозаразени ситуации, тоа е драматично, но Ѓурѓовден не презедовме правилни мерки, изјави Радовановиќ за телевизијата N1.
По повод најавите за ублажување на мерките, тој рече дека Србија во моментов има поблаги епидемиолошки мерки од остатокот од Европа и оцени дека би било „апсурдно“ дополнително да се ублажуваат во ситуација која е „полоша отколку во другите земји “.
Радовановиќ го поздрави фактот дека на граѓаните на соседни земји им било овозможено вакцинирање во Србија, но додаде и дека тоа мора да се направи епидемиолошки безбедно, јави Бета.
Ново на Сител
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД