СПМ: Со тага се сеќаваме на скопскиот земјотрес кога беа згаснати животите на над 2000 наши сограѓани
Со тага се сеќаваме на разорниот скопски земјотрес од 1963 година кога во еден миг беа згаснати животите на над 2000 наши сограѓани, за што изразуваме длабоко жалење и надеж за спокој на нивните души.
Пред цели 60 години старото Скопје какво само уште повозрасните го паметат доживеа невидено разурнување и згаснување на неговиот дух. Но, од големата болка и солзите за загубените и за разурнатото се изроди надежта и силната желба за обнова и изградба на модерен и сигурен град за сите.
Почитувани сограѓани,
Во тоа време, покрај останатите, нашите претходници од Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија ја превзедоа обврската и заедно со вас учествуваа во изградбата на новиот лик на нашето Скопје. Во поинакво време од сегашново во годините што следеа заеднички со вас и со трудбениците со голем елан и силна енергија неуморно се градеше Скопје. Ние само потсетуваме на должноста и на благородната улога ССРНМ заедно со вас да биде неимар на нашиот нов град, на нашиот живот и на нашата заедничка иднина.
Се успеа Скопје да биде центар на југословенската и светската солидарност и хуманост, за што незаборавајќи на сите кои ни подадоа братска и пријателска рака, сочувство и утешни зборови и кои ни помогнаа во обновата, длабоко да им благодариме.
60 години заедно со вас го гледаме нашето Скопје како расте, се издига и се шири. Скопје е нашето заедничко дело, заедничкиот успех, заедничката заслуга и гордост. Скопје 60 години потоа е сосем нов град со нов лик, нови погледи, нови навики и нови перспективи какви што ги носи современото време. Скопје градот наш е нашиот живот, нашата љубов, нашиот свет и нашата иднина.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН