Македонија
27. August 2015 - 16:27

СПМ поддржува мнозински изборен модел

Доколку се прават измени во изборниот модел, треба да се избере мнозинскиот модел. Предлогот на опозицијата за една изборна единица ќе ги остави помалите политички партии надвор од собранието, велат од Социјалистичката Партија на Македонија.

Според Станковиќ, мнозинскиот модел носи многу поголема локална репрезентативност. Во него граѓаните гласаат за личност а не за партија.

Со предлогот на СДСМ оди и изборен праг што значи дека многу помали партии но и етнички групи ќе останат без свои претставници. Но СПМ, не се плаши ни од изборниот праг.Од СПМ додаваат дека во почетоците на Македонската демократија, кога системот беше мнозински, тие имале повеќе пратеници затоа што нивните гласови се често стационирани во одредени региони и нивните пратеници со кредибилитет ги претставувале граѓаните.

Од друга страна од асоцијацијата МОСТ, тврдат дека во моментов не треба да се прават измени на изборниот модел затоа што “Венецијанската“ комисија препорачува да не се прават измени на една година пред изборите. Претседателот на асоцијацијата, Дарко Алексов, во интервју за “Утрински“ предложи мали измени на постоечкиот систем, на кого според нив, треба да се додадат отворени листи.