Специјални единици на Ел Салвадор во борба против криминални банди
Владата на Ел Салвадор испрати на терен тешко вооружени специјални сили во борба против криминални банди во руралните делови од земјата.
Околу илјада припадници на специјалните сили се опремени со хеликоптери, блиндирани автомобили и напаѓачко оружје.
Официјални претставници изјавиле дека мета на командосите се лидери на банди, а се проценува дека во Ел Салвадор има околу 70.000 членови на криминални групи. Ел Салвадор е земја со една од најголемите стапки на убиства во светот.
- Дојде моментот да го спречиме растот на насилство кој се појави во изминатите неколку години и доведе до голем број на жртви, истакна потпретседателот на земјата, Оскар Ортиз.
Би-Би-Си пишува дека минатиот месец Владата започнала кампања против лидерите на банди. Инаку, голем број меѓу нив своите „работи“ ги водат од затвор.
Претседателот Санчез Церен прогласи вонредна состојба во седум затвори и 299 членови на банди се префрлени во други затвори.
Ново на Сител
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување