Специјализиран фитнес центар за лицата со попреченост во Струмица
Струмица доби специјализиран фитнес центар за лица со попреченост, прв од таков вид во регионот. Центарот е заеднички проект на здружението за лица со телесен инвалидитет ,,Мобилност,, и здружението за поддршка на лица со даунов синдром ,,Вера,, . Проектот е насловен ,, И ние постоиме,, а се реализира преку RELOAD програмата финансирана од ЕУ што ја спроведува УНДП. И од двете здруженија велат дека еден ваков центар бил повеќе од неопходен за лицата со попреченост. Очекуваат преку него значително подобрување на квалитетот на живот.
За претседателот на Мобилност Македонија, но и на параолимпискиот комитет на државата Бранимир Јовановски отворањето на центарот е многу значајна. Според него на вакви проекти треба да се гледа и од страната на социјалната инклузија преку спортот.
Лицата со попреченост нема да тренираат сами. За нивна поддршка веќе е ангажиран и професионален фитнес инструктор.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар