Македонија
1. September 2016 - 12:17

Специјалците апсеа цела ноќ - нова голема полициска акција во Македонија

Во текот на вчерашниот ден извршени се претреси во домовите на повеќе лица под сомнение за трговија со дрога, при што според неофицијалните и се уште непотврдени информации приведени се неколку лица.

Од МВР потврдуваат дека се спроведувала акција за сузбивање на нарко криминалот но не откриваат повеќе детали. За 14 часот денеска министерот Чавков закажа прес конференција на која се очекува да бидат соопштени повеќе информации.

Полицијата и во текот на завчерашниот ден спроведе акција против лица кои се сомничат за трговија со дрога.