Спасовски во посета на полицајците кои се подготвуваат за прием во единицата за специјални задачи
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска на Пониква ги посетија полициските службеници кои ја реализираат селективната обука за прием во Единицата за специјални задачи. Полициските службеници ги презентираа стекнатите професионални знаења.
– Да се биде припадник на ваква елитна единица не е едноставна работа. Овие луѓе се најдобри меѓу најдобрите. Зад нив стојат поминати месеци и години напорен тренинг, исклучителна ментална и физичка подготовка и искуство од многубројни извршени сложени безбедносни задачи, рече министерот Спасовски, соопшти МВР.
Спасовски, како што се наведува, посочил дека тимската работа и професионалноста се главни одлики на Специјалната единица.
- Затоа со право може да се гордееме со припадниците на оваа елитна единица на МВР. Јас и моите соработници, свесни за важноста и улогата на припадниците на оваа единица, правиме се во рамки на законските и финансиски можности за да ви овозможиме што е можно поквалитетни услови за работа. На вас, останува – своето знаење, вештини, професионална етичност и интегритет да ги вложите во името на законите – со цел заедно да изградиме полиција со која што ќе се гордеат граѓаните, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o