Спасовски - Сандри од УНХЦР: Се прави историја за унапредување на човековите права, државата пример за другите
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната работна средба со претставничката на УНХЦР Моника Сандри, на која и завршува работниот мандат во земјава, се заблагодари за сите достигнувања и изрази надеж за продолжување на успешната соработка во исполнувањето на заедничките цели. Тој додаде дека, впрочем, сите агенции на ОН во земјава даваат огромен придонес и со истите се бележи извонредна соработка, известуваат од МВР.
- Во оваа пригода двајцата соговорници направија осврт на некои од клучните достигнувања во изминатиот период, при што, претставникот на УНХЦР, Сандри констатираше дека се прави историја за унапредување на човековите права а како што забележа некои од елементите на соработката се навистина без преседан, со резултати кои ретко се среќаваат во други земји, додаде дека Република Северна Македонија е пример не само за земјите во регионот, туку и во Европа, соопштуваат од МВР.
Претставничката на УНХЦР ги забележа добрите изгледи за пристапување во Европската Унија и изрази надеж дека тоа ќе се случи многу скоро.
- Заеднички беше констатирана успешната и како во ретко кои земји плодна соработка како што потенцираше претставникот на УНХЦР, Сандри, којашто како што посочи во неколку наврати била забележана и во самото седиште на УНХЦР и додаде дека тоа е заслуга како на тимот на МВР, така и особено на министерот Спасовски лично и додаде дека и било огромна чест, задоволство и привилегија да соработува со министерот Спасовски, информираат од МВР.
Во оваа прилика министерот Спасовски и врачи пригоден подарок од МВР на претставничката на УНХЦР, Сандри во знак на благодарност за успешната соработка со МВР на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ