Спасовски: Размената на информации клучна за борба против актуелните закани
Меѓународната соработка и размената на навремени и точни информации е клучна активност која придонесува кон зголемена ефикасност во борбата против актуелните безбедносни закани и предизвици, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Самитот во Лондон што се одржува во рамки на Берлинскиот процес.
-Свесни за ова, институциите надлежни за спроведување на законот во Република Македонија спроведуваат мерки и активности со кои ќе ја олеснат и поедностават оваа комуникација и размената на информации ќе биде искористена во насока на справување со организираниот криминал, тероризмот, но и сите облици на загрозување на сигурноста и безбедноста на државите од регионот, истакна Спасовски.
Тој нагласи дека за МВР од особена важност е враќањето на довербата и сигурноста кај своите партнерски служби и гаранцијата дека добиените информации ќе бидат соодветно наменети.
Како што соопшти МВР, министерот Спасовски се обратил на сесијата на која се дискутирало за споделување на информации и соработка помеѓу земјите.
Земјите учеснички ја потпишале Заедничката декларација за начелата на размена на информациите од областа на спроведувањето на законот со која се утврдуваат начелата, содржината и целите за размена на специфичните информации.
Ново на Сител
-
Најмалку осум загинати во поплавите во Европа
-
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
-
Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени
-
КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември
-
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР
-
Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките
-
Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Собранието
-
Идентификуван напаѓачот на Трамп, инцидентот се истражува како „обид за убиство“