Спасовски: Потврдувам дека се работи на расчистување на работите во три фирми
Денеска МВР, по наредба од надлежниот суд и од обвинител, е влезена во неколку фирми, со цел да се изврши контрола, проверка на сите факти, аргументи кои се дадени во наредбата, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи одговарајќи на новинарското прашање дали е точно дека МВР врши истрага во фирми на семејството Камчеви.
Според Спасовски станува збор за три фирми.
– По наредба од надлежен суд и од обвините, денеска МВР е влезена во неколку фирми со цел да се изврши контрола, проверка на сите факти, аргументи кои се дадени во наредбата. Тоа е работа на полицијата која ќе влегува во сите фирми и ќе спроведуваме постапки за сѐ каде што ќе имаме сомнежи за криминал. Од МВР нема информации, со имиња, во кои фирми се влезени. Јас само потврдувам дека се работи на расчистување на работите во три фирми, изјави Спасовски, кој денеска во Прилеп беше присутен на означување на завршувањето на првата фаза од работите на ИКТ-Центарот.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер