Спасовски: Од заробена држава денес имаме слободна и демократска држава партнер на регионот и светот
Денес после 2 и пол години од преземањето на одговорноста да управуваме со институциите, можеме да констатираме колку е различна нашата држава, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, на трибината „На прав пат“ во Кичево.
– Дека држават е променета и на прав пат, треба само да го споредиме тоа време од пред 2 години кога граѓаните немаа право на слобода на говор, а денес секој слободно и храбро може да даде критика, идеа и,сугестија.Од заробена држава, денес имаме комплетно сменета држава, затоа што комплетно ги променивме политиките што ја држеа заробена и денес нашата држава гради добрососедски односи, истакна Спасовски.
Потпретседателот Спасовски порача дека како држава направивме многу реформи, ги откочивме процесите и државата тргна кон правиот пат кој го заслужува.
– Многу скоро Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ќе ги започнеме преговорите за ЕУ ,иако се јавуваат дилеми кои ги слушаме од надвор, сепак одлуката ќе биде позитивна. Верувам дека искрено ќе се израдуваме на 17 и 18 и ќе го добиеме стартот за преговори, истакна Спасовски упатувајќи порака дека деструктивните обиди на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема да успеат да ја оддалечат државата од интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Ќе победи напредна и просперитетна Република Северна Македонија, порача потпретседателот Спасовски.
Паралелно со процесот на интеграцијата во ЕУ и НАТО се работеше и на голем број проекти во сите сектори, решивме да ги покачуваме платите и на секој начин да враќаме пари назад кај граѓаните, порача вечерва потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на трибината во Кичево.
– Се работеше многу во сите сегменти, реализиравме проекти кои значат повеќе пари кај граѓаните но и подобро здравство, образование, земјоделство. Со гордост можам денес да соопштам дека минималната плата ја покачуваме на 14.500 денари. Кога дојдовме на власт минималната плата беше 9.000 денари, првото покачување беше 12.500, а денес имаме за 5.500 денари повисока минимална плата.
Го цениме трудот на работниците во сите индустрии, истакна потпретседателот Спасовски од трибината во Кичево.
Ново на Сител
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс