Спасовски на средба со директорот на Регионалниот Центар МАРРИ
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари средба со Сашко Коцев, директорот на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци – Регионален Центар МАРРИ во Скопје.
Од прес-службата на министерот информираат дека за време на средбата, Спасовски изразил задоволство за тоа што Република Северна Македонија преку МАРРИ Регионалниот Центар прераснува во вистинска контакт точка за регионот на Западен Балкан за областите кои што ги опфаќа мандатот на самата iницијатива, со уверување дека поддршката што Министерството за внатрешни работи му ја дава на овој Центар ќе продолжи и во иднина.
– Директорот на МАРРИ, Коцев на средбата ја искористи можноста да го брифира министерот Спасовски за тековните активности кои се одвиваат во рамки на македонското претседателство со МАРРИ и приоритетите кои се во план да се реализираат, се вели во соопштението.
Од Министерството додаваат дека за време на средбата, двете страни ја потврдиле долгогодишната соработка, при што Коцев изразил благодарност до министерот за континуираната поддршката.
Ново на Сител
-
Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно
-
Мицкоски: Владата потврди 270 општински проекти за кои ќе се вложат 4 милијарди денари
-
Во Велес утре Ден на жалост поради сообраќајната несреќа во Катланово
-
Таравари очекува од директорите на клиниките да преземат мерки за починатото бебе
-
Пратениците од албанската опозиција се судрија со обезбедувањето на влезот во Собранието
-
Со мотор удри во паркиран автомобил -Тешко повредена малолетничка во Кавадарци
-
Тешко повреден работник во компанија во Кавадарци
-
Таравари: За законот за правична застапеност повторно ќе ангажираме експерти со „сенс“ за оваа работа