Спасовски на осветување на црквата Пресвета Богородица во Ростуше
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил објави дека денеска присуствувал на осветување на црквата Пресвета Богородица во Ростуше, од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски Партениј, со молитвено учество на дебарскиот архиерејски намесник о. Миле Ангелковски, на Бигорското монашко братство и на сестринството од манастирот Свети Георгиј Победоносец во село Рајчица.
- Благодарност до Епископот Партениј и на монашкото братство за овој свет и значаен историски чин за долнореканскиот крај, за заложбите и личниот труд за возобновување на храмот на Божјата Мајка, со што жителите и селото Ростуше добија исклучително убав храм кој ја слави милоста за доброто на сите жители, напиша Спасовски на фејсбук.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис