Спасовски: Единствениот одговорен во Собранието е Африм Гаши
Откако Собранието ја констатираше оставката на пратеничката Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, продолжи 30-та пленарна седница. Дневниот ред уште не е изгласан, а дадена е пауза од еден час на барање на коодинаторот на СДСМ Оливер Спасовски.
Спасовски во процедурална забелешка реагираше околу тоа зошто некои законски решенија, иако се стигнати до Собранието, дури и пред 15 дена чекаат да бидат ставени на собраниска процедура, додека други што доцна вечерта ќе стигнат, веднаш се ставаат во собраниска процедура.
- Мислам дека конечно по шест месеци треба да разберете дека сте избрани за претседател на Собранието. Не е време само за апели. Ние вчера ги добивме законските решенија во 17:06 часот. Кажав еднаш и ќе повторам – единствено одговорен е Африм Гаши и никој друг во оваа Собрание. Не можете за едни законски текстови да кажувате дека вие имате право на интерпретација на Деловникот. Кога ве прашував за законски текстови кои што беа доставени во Собрание и ги чувавте 12, 13 или 15 дена без да ги доставите на Собранието, иако Деловникот вика во рок од три дена сте должни да ги доставите до пратениците, баравте милиони изговори тоа да го направите. Денеска кога продолжувате на ваков груб начин да го кршите Деловникот, не давате никакво одобрение, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?