Спасовски: Бегството на Груевски најмногу не разочара, извади голема сума на пари пред да избега
Утрово во „Утрински брифинг“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зборуваше за деталите од бегството на поранешниот премиер на државата Никола Груевски.
-Да преземам морална одговорност за тоа што го работат секторите со кои што раководам. Ако има пропуст, да, но таму нема пропуст. Истрагата ако покаже одговорност кај било треба даима не морална, политичка, туку кривична одговорност. Бегството на Груевски е нешто што најмногу не разочара сите нас – и политичарите и граѓаните. Тој беше олицетворение на криминалот. И тогаш истата ситуација се случува. Имаме состојба во која што тој вади голема сума на финансиски средства, Управата за финсиско разузнавање тоа го следи, ја доставува информацијата до Јавното обвинителство, до Катица Јанева и не се презема ниту една мерка да се обезбеди заштита. Уште тогаш се сеќавате дека јас реков дека почнувам да се сомневам во СЈО. Затоа што не може ако ги составувате информациите тие да не се проследуваат понатаму или да не бидат индиција дека може да ни се случува нешто. Затоа многу е важно да имаме легислативна реформа, но исто така и исто толку важно е да го смениме нашиот ум во перцепирањето и размислувањето. Да знаеме што е тоа што треба да правиме, да бидеме многу поодговорни према државата и граѓаните и затоа со сите сили треба да удриме на криминалот и корупцијата, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск
-
Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село
-
Елтон Џон со сѐ послаб вид, не можел да ја проследи претставата „Ѓаволот носи Прада“
-
На готвач му украле комбе со 2.500 пити, тој повика да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица
-
Манчестер јунајтед заинтересиран за Јилдиз
-
Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин
-
Градоначалникот на Белград најавува повлекување од политиката