Спасов: Службите на терен, максимално се помага на граѓаните
Владата на Република Македонија заедно со поголем број на институции, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, АРМ, екипи и од Црвениот крст се излезени на терен. Сите служби се обидуваат на граѓаните да им дадат максимална поддршка и помош кои се погодени од невремето.
Ова вечерvа го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој го посети кризниот штаб кој градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски го формираше по невремето и поплавите во Скопје.
Спасов истакна дека според првичните информации поголеми штети има во скопскиот, а помали во тетовскиот регион.
-Неочекувано дојде до поголеми поплави во поголем број на населени места во скопско. Институциите се веќе на терен и се обидуваме максимално да им дадеме поддршка на сите кои им е потребна помош, истакна Спасов.
Ново на Сител
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
-
Доживеал паничен напад, сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за Вања и Панче
-
Трамп вети силна војска и крај на војните