-->
-->
Спасот на банката ЦГД го утрои португалскиот дефицит
-->
Португалскиот Статистички институт денеска информираше дека во 2017 година дефицитот го достигнал нивото од 3 проценти од бруто домашниот производ, кое, според правилата на Европската унија, се смета граница на прекумерно трошење.
Зголемената потрошувачка се должи на одлуката на левичарската Влада да ја санира државната банка ЦГД со инфузија на четири милијарди евра. Според Институтот, по овој еднократен расход, дефицитот ќе се спушти на ниво од околу 1 процент од португалскиот БДП.
Португалија сепак се соочува со прекумерен долг. Со значителни мерки на штедење, државата успеа да го намали вкупниот долг од 130 проценти од БДП во 2016 година на 125,7 проценти во 2017 година, и на сегашните 123,1 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата