Фудбал
25. јуни 2023 - 19:55
СП за жени во Австралија и Н.Зеланд ќе руши рекорди
Љубителите на футбалот од Австралија и други нации го запоседнаа пристанишниот мост во Сиднеј за да го прослават претстојното СП за жени .
Навивачите носеа знамиња од сите 32 нации.
На прославите, исто така, беше откриена 17 метри долга маичка за обединување, која ги одразува боите на пејзажите на кодомаќините Австралија и Нов Зеланд
Светот ќе гледа како Австралија и Нов Зеланд се кодомаќини на најголемиот женски спортски настан во светот, Светското првенство за жени во организација на ФИФА
Турнирот ќе започне на 20 јули кога Нов Зеланд ќе се соочи со Норвешка на Еден Парк, по што ќе следи распродадената пресметка меѓу Австралија и Република Ирска на Олимпискиот стадион во Сиднеј.
Пред две недели, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека се продадени повеќе од еден милион билети за турнирот.
Ова е прв пат на Светскиот куп за жени да учествуваат 32 репрезентации. СП последен пат се одржа во Франција во 2019 година, со 24 екипи.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->