Советот НАТО-Украина ќе одржи состанок на 26 ноември поради рускиот напад со експериментална хиперсонична ракета
НАТО и Украина идната недела во Брисел ќе разговараат за руското лансирање на експериментална хиперсонична ракета со среден дострел, соопштија денеска дипломати.
Состанокот на советот НАТО-Украина на 26 ноември ќе се одржи на ниво на амбасадори.
„Киев повика на одржување на состанокот по нападот врз градот Дњепар“, изјавија официјални лица.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека употребата на експериментална балистичка ракета од страна на Русија претставува „јасна и сериозна ескалација“ во војната и повика на силна осуда ширум светот, бидејќи НАТО го обвини Владимир Путин дека се обидува да ги „тероризира“ цивилите и да ги заплаши украинските сојузници.
„Распоредувањето на таков тип оружје нема да го смени текот на конфликтот ниту да ги одврати сојузниците во НАТО да ја поддржат Украина“, рече портпаролката на НАТО, Фарах Далала.
Ново на Сител
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?