Советот на Дебар утврди кандидат за нов командир на полицијата
Советот на општина Дебар на денешната редовна 34 седница го изгласа Аргетим Војника како кандидат за нов командир на полицијата во ова подрачје. Тој беше еден од трите предлога доставени од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Беа предложени лица вработени во оваа полициска станица, двајца од 2000-та и еден во 2009, со завршен Правен, Педагошки и Филолошки факултет -Институт за одбрана.
Војника е со завршен Правен факултет. Има седум години работен стаж во полицијата, а моментно е командир на ПС за гранични проверки и граничен надзор „Блато“. За предлогот гласаа 10 советници додека еден беше воздржан. Утврдениот предлог треба да го потврди министерот Спасовски.
Независниот советник Јакуп Марку сметаше дека предлозите не се во согласност со систематизацијата и дека кандидатите треба да имаат завршено факултет за безбедност, Правен или Економски, додека советникот од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека немало никаков конкурс и оти актуелникот командир бил реизбран на оваа функција на интерен оглас.
Советот на денешната седница расправаше за повеќе прашања од секторот урбанизам, како и за гаранцијата, која е потребна за добивање банкарски кредит за ЈКП „Стандрад“ за исплата на заостанати придонеси за вработените за повеќе од десет години.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Завршивте добра работа, имаме одлични реформи, ќе почнеме со 52 милиони евра од Планот за раст
-
Малолетник тешко повреден кога со мотоциклот излетал од патот Маврови Анови – Гостивар
-
Анкета: Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп
-
Собранието ќе ја продолжи 17. седница следната недела
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
-
Мицкоски: До конечната цел, членството во ЕУ ќе дојдеме со синергија на напорите за реформи и зачувувањето на достоинството на граѓаните
-
Претреси во Штип, пронајдено оружје и муниција, лишени од слобода две лица
-
Фон дер Лајен: Правиме се за земјава да ги отвори преговорите за првиот кластер, но потребно е да се разработат и уставните измени