Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 148.595 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 5.547, а оздравени се 73.706.
– Во Иран починале 97 луѓе од коронавирусот, и сега вкупниот број на лица кои го загубиле животот во оваа земја изнесува 611, објави локална телевизија. Во Иран се заразени 12.729 луѓе.
– Германија и Италија го зголемија производството на респиратори во своите држави, со цел да одговорат на силниот удар на пандемијата кој се очекува. Еден респиратор чини 17.000 долари.
– Велика Британија следната недела ќе воведе вонредни мерки за забрана на масовни собири, во обид да спречи ширење на коронавирусот.
– Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави на прес-конференција дека бројот на респиратори од денеска ќе биде државна тајна.
– Втора жртва на коронавирусот во Бугарија. Почина 74-годишен маж, кој бил примен в болница на 8 март во тешка здравствена состојба. Тој страдал и од тешки хронични белодробни заболувања.
– Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека од понеделник родителите сами ќе одлучат дали нивните деца ќе одат на училиште поради опасноста од коронавирусот. Тој потврди дека до вчера во Русија се регистрирани 45 случаи на заразени со Ковид-19, од кои 24 во Москва.
– Со одлука на данската Влада границите во земјата ќе се затворат од денеска до 13 април поради коронавирусот.
– Полска не ја исклучува можноста за одложување на претседателските избори закажани за во мај, поради пандемијата на коронавирусот, изјави полскиот заменик министер за надворешни работи Павел Шефернакер.
– Официјален Абу Даби соопшти дека поради епидемија на коронавирусот ќе бидат затворени главните културни и туристички атракции, како што е музејот Лувр Абу Даби и тематскиот парк Ферари, во период од 15 до 31 март.
Ново на Сител
-
САД: Земјите кои не возвратија на царините ќе бидат наградени
-
Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
-
Дортмунд подготвува нов договор за Ковач
-
Ердоган ја обвини главната опозициска партија за „фашизам“
-
Вучиќ за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани: Никој не ме пушти, сам си влегов, и што сега?
-
Директори злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на две беровски училишта за вкупно 1.171.000 денари
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов