Епл од Мајкрософт ја загуби титулата на највредна компанија
Технолошкиот гигант Епл повеќе не е највредна компанија во светот, откако Мајкрософт вчера ја престигна, бидејќи инвеститорите реагираат на стравувањата од влијанието на огромните американски царини за кинескиот увоз.
Акциите на Епл паднаа за повеќе од 20 проценти, бришејќи над 700 милијарди долари во последните денови, намалувајќи ја нејзината пазарна вредност на околу 2,6 трилиони долари. Мајкрософт, во меѓувреме, напредуваше со вредност од 2,64 трилиони долари.
Промената доаѓа во момент кога производителот на Ајфон се соочува со сè поголеми предизвици од новите американски трговски царини воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Почнувајќи од денеска, комбинираните увозни давачки за стоки од Кина – каде што се склопуваат повеќето Ајфони – ќе достигнат дури 104 проценти, предизвикувајќи загриженост за трошоците во синџирот на снабдување.
Според Вол Стрит Џурнал, Епл сега планира првично да испорачува Ајфони од Индија во САД, додека главниот извршен директор Тим Кук бара ослободување од царините. Стоката увезена од Индија се соочува со американска царина од 27 отсто.
Ново на Сител
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес