Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
– Неименуван израелски владин претставник за порталот „Тајмс оф Израел“ изјави дека Израел сè уште очекува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се приклучи на нападите против иранската нуклеарна програма.
– Очекувањата се тие (САД) да се приклучат, но никој не ги притиска. Тие треба сами да донесат одлука. Ќе знаеме во следните 24 до 48 часа, наведе тој.
Претходно, американската медиумска организација „Блумберг“ (Bloomberg), исто така повикувајќи се на неименувани извори, објави дека САД се подготвуваат да го нападнат Иран во следните неколку дена.
Исто така и „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) и „Си-би-ес њуз“ (CBS News) објавија дека Трамп ги одобрил плановите за напад врз Иран, но оти пролонгира да издаде конечна наредба.
Трамп на пишувањето на „Волстрит џурнал“ реагираше на својата социјална мрежа „Трут соушл“.
„Волстрит џурнал“ немаат поим кои се моите размислувања во однос на Иран!, објави Трамп на „Трут соушл“.
Тој на вчерашниот брифинг со новинарите наведе: „Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема да го направам тоа. Никој не знае што ќе правам“.
И додека се чека одлуката на Трамп, продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Израел и Иран. На седмиот ден од судирот ирански ракети погодија болница во јужен Израел и станбени згради во близина на Тел Авив, при што се повредени најмалку 240 луѓе.
Израел возврати со напади врз иранските нуклеарни објекти, како и врз инфраструктурата за балистички ракети. Израелските авиони го нападнаа и реакторот за тешка вода во Арак, за да го спречи производството на плутониум.
Иранската државна телевизија објави дека нема опасност од радијација по нападот врз Арак.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот