Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 127.810 луѓе заразени со новиот коронавирус. Починати се 4.717, а оздравеле 68.335.
Пекинг – Врвот на епидемијата на новиот коронавирус во Кина помина и бројот на новозаразени продолжува да опаѓа. Пандемијата во светот би требало да заврши до јуни, оцени Владата во Пекинг
Австрија – Прв смртен случај на епидемијата – маж на возраст од 69 години кој престојувал во Италија. Досега се регистрирани 302 потврдени случаи.
Алжир – Прв смртен случај од новиот коронавирус. Вкупно има 24 заразени.
Италија – Градоначалникот на Кодоња, италијански град во кој беа регистрирани првите случаи и се смета за епицентар на почетокот на епидемијата изјави дека се близу до победа над вирусот.
Црна Гора – Уапсен маж кој ширел лажни вести за коронавирусот во државата.
Полска – Прв смртен случај од новиот коронавирус.
Москва – Руско-европската мисија на Марс е одложена до 2022 година поради Ковид-19.
Шпанија – Министерка во Владата задолжена за еднаквост е заболена од Ковид-19. Во државата се затворени сите музеи..
Словенија – Словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави на прес конференција дека државата и службено ќе прогласи епидемија. – Останете дома ако не е потребно да излегувате, нагласи Шарец. Потврдено беше за 82 регистрирнаи случаи.
Хрватска – Третата програма на ХРТ почна со онлајн лекции за деца од прво до четврто одделение.
Ирска – Ирска ги затвора училиштата, факултетите и други јавни установи од утре поради новиот коронавирус.
ОН – Советот на ОН за човекови права откажа одржување сесија поради Ковид-19
Мадрид – Реал Мадрид во карантин поради позитивен тест на коронавирусот.
Сиднеј – Мекларен се повлекува од Големата награда на Австралија поради член на тимот кој заболел од новиот коронавирус.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
