Македонија
15. April 2016 - 15:40

Состанок за подготовка на нова стратегија за реформа на јавната администрација

 Работната група за подготовка на новата стратегија за реформа на јавната администрација за периодот 2016 - 2021 година денеска одржа прв состанок.

Тимови од Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА), универзитетски професори и невладиниот сектор  ги разгледуваа насоките од СИГМА за изработка на стратегијата, начинот на нејзино структуирање, како и клучните реформски области кои треба да се обработат во рамки на работната група и тематските подгрупи.

- Процесот на изготвување на стратегијата за реформа на јавната администрација е многу важен за Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација. Посветени сме кон изготвување стратегија која е квалитетна и сеопфатна,  изјави заменик- министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски. 

Со цел изработка на Стратегијата за РЈА (2016-2021), формирана е меѓуресорска работна група составена од претставници на сите институции кои имаат свои надлежности во рамките на реформата на јавната администрација