Состанок на Советот за реформа на правосудниот сектор
Нацрт–стратегијата за реформа на правосудниот сектор денеска беше презентирана на вториот состанок на Советот за реформа на правосудниот сектор, што се одржа во Министерството за правда.
На состанокот, како што информира Министерството за правда, присуствувал и министерот за правда Билен Саљији, кој ги повикал членовте да ги дадат своите мислења и забелешки.
- Нацрт-стратегијата беше поздравена како добар стратешки документ, во кој се нотирани повеќето слабости на правосудниот систем со конкретни предлог мерки. Членовите на Советот со конкретни забелешки даваа предлози за идно надополнување и изменување на документот, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група задолжена за подготовка на Стратегијата, се вели во соопштението од Министерството за правда.
На состанокот се разгледувале и Нацрт-законот за изменување и дополнување на Судскиот совет на Република Македонија и Законот за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија, за кои Советот ќе се произнесе на наредната седница.
Ново на Сител
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем