Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија и ЕУ
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи 18. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ.
Како што објави собраниската прес-служба, на отворањето на виртуелниот состанок ќе се обратат Андреас Шидер и Биљал Касами, во својство на копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската Унија.
3а состојба на односите меѓу ЕУ и Македонија со фокус на извонредната имплементација на правото на ЕУ, од име на Владата на С Македонија ќе говорат Никола Димитров, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања и Бујар Османи министер за надворешни работи, во име на Владата на Македонија. Од име на ЕУ ќе се обратат Ѓеновева Руиз Калавера, директорка за Западен Балкан, Генерален директорат за соседство и преговори за проширување, во име на Европската комисија и Ангелина Ајхорст, директорка за Западна Европа, Западен Балкан, Турција и Обединето Кралство, во име на Службата за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален