Состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион „Шара”
Деветнаесетиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион „Шара” ќе се одржи денеска во село Беловиште, Јегуновце.
Состанокот е во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Регионална соработка и вмрежување во полето на земјоделството, руралниот и економскиот развој во прекуграничните региони”, имплементиран од Постојаната работна група за регионален рурален Развој во Југоисточна Европа.
Претставниците од јавните институции, бизнис секторот, невладини организации и другите чинители од Македонија, Албанија и Косово ќе имаат можност да дискутираат на различни теми и проектни идеи кои ќе допринесат за интегриран економски развој на прекуграничниот регион „Шара”.
Во фокусот на програмата ќе бидат прегледот на активностите поврзани со имплементација на АБД пристапот во прекуграничниот регион „Преспа”, дискусија за идните активности поврзани со имплементација на „Луѓе за Луѓе” во прекуграничниот регион “Шара” и презентација на потенцијалите за диверзификација на економските активности во руралните прекугранични региони преку развојот на кратки вредносни синџири.
Проектот се стреми да придонесе кон избалансиран социо-економски развој на руралните области во насочените прекугранични региони на Западен Балкан, преку ефикасна регионална прекугранична соработка и зајакнување на регионалните капацитети за економска диверзификација во руралните средини.
Ново на Сител
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите