СОС Детско село: Секое дете има право да се чувствува сакано и безбедно

На завршната конференција од Проектот за интервентна поддршка, „СОС Детско село Македонија“ денеска информира дека обезбедило храна, засолниште, хигиенски услови, психолошка поддршка, образование, медицинска нега и пристап до информации за над 170.000 лица од најранливите категории.
Проектот за интервентна поддршка почна во август 2015 година, откако во Западен Балкан пристигнаа голем број бегалци од конфликтните зони, а го реализираа 55 стручни лица во период од 752 денови. Неговата цел беше психосоцијална поддршка и заштита на децата, овозможување на комуникација и пристап до Интернет. За своја цел имаше да се спречи одделување од семејствата, обезбедување на храна и непрехрамбени производи, како и соодветна инфраструктура за безбеден престој и транзит на бегалците.
Во транзитните центри Винојуг –Гевгелија и Табановце-Куманово, како и во селата Ваксинце и Лојане во Куманово, во рамки на проектот, што беше финансиски поддржан од СОС Детски села Интернационал, УНИЦЕФ и Швајцарската Агенција за развој и соработка, помошта и поддршката беше особено насочена кон децата, со посебен акцент на деца без придружба, млади лица, особено млади девојки, бремени жени, како и возрасни лица кои имаа потреба од медицинска помош или друг вид на поддршка.
Претседателката на Управниот одбор на СОС Детско село Македонија, Зорица Серафимовска Арсовска посочи дека лицата кои работеле на проектот се трудале да создадат средина каде децата ќе се чувстуваат безбедни, згрижени и среќни, со што барем за миг ќе им се овозможи да ги заборават страдањата и маките низ кои поминале.
Успешно завршениот проект, беше поздравен од страна на директорот на Центарот за уравување со кризи Агрон Буџаку, кој увери дека СОС Детското село и понатаму ќе ја ужива неговата поддршка.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
