Македонија
19. April 2026 - 16:43

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата

Поевтини горива за денар и половина очекува Премиерот по утрешната седница на регулаторната комисија за енергетика. ДДВ-то на дизелот ќе се врати на 18%, додека за бензините и натаму ќе плаќаме 10%. Премиерот вели дека со досега понудените мерки Владата успеала да го заштити стандардот на граѓаните а статистиката на ММФ покажала дека само две земји во Европа примениле повеќе мерки од Македонија

Цените се високи, животот тежок. Граѓаните скапо ги плаќаат политиките на Мицкоски, реагираше опозицискиот лидер

Филипче денеска побара власта да ги замрзне цените на основните прехрамбени производи, да се намали стапката на ДДВ и да се обезбедат посебни мерки за ранливите категории на граѓани.